Доживеете го магичниот Истанбул- градот кој ги спојува Европа и Азија, традицијата на модерниот начин на живот. Овој уникатен град нуди богата историја, величествени градби, ориентални пазари и модерни трговски центри. За време на ова патување ќе имате можност да ги посетите најпознатите знаменитости како Аја Софија, Сината Џамија и Капали Чаршија, како и да уживате во незаборавно крстарење по Босфор.
Разглед на Истанбул со локален водич
- Посета на Сината Џамија и Аја Софија
- Шопинг во Капали Чаршија
- Можност за крстарење по Босфор
- Турска вечер
ИСТАНБУЛ за 1 - ви Мај
Посетете го единствениот град во светот на два континенти. Уживајте во убавината, културата и магијата на Истанбул.
Собир на групата на паркингот пред Спортска сала Боро Чурлевски во 15:30 часот и сместување на багажот.
Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот.
Следува ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и освежување, како и извршување на гранични и царински формалности.
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот.
Во договорено време, групата заедно со локален водич започнува пешачка тура низ историскиот дел на градот. Посета на населбата Аксарај и разглед на најзначајните знаменитости: познатата Капали чаршија, величествената Аја Софија и импресивната Сината џамија.
По завршувањето на разгледот следува слободно време за индивидуални прошетки, шопинг и уживање во атмосферата на градот. Потоа враќање во хотелот и сместување во собите.
Во вечерните часови, организирана посета на најпознатиот плоштад во градот – Таксим, како и прошетка по познатата улица Истиклал, долга околу 2 километри, исполнета со бројни продавници, кафулиња и ресторани. На крајот од улицата се наоѓа симболот на градот – Галата кула.
Слободно време за прошетка и уживање.
Потоа, во договорено време, заминување кон живописниот кварт Ортакој, сместен под познатиот Босфорски мост. Ова е едно од најфотографираните места во Истанбул, опкружено со бројни кафетерии, ресторани и сувенирници.
Слободно време за прошетка, фотографирање и уживање.
Во вечерните часови, враќање во хотел.
По појадокот, во договорено време, групата се среќава со локалниот водич на рецепцијата од хотелот.
Следува посета на традиционална турска продавница за слатки, каде се произведуваат најпознатите ориентални деликатеси – баклава, локум и различни видови слатки, масла, креми и сапуни, по атрактивни цени.
Потоа следува незаборавно крстарење по Босфор во траење од околу 90 минути. Уживање во панорамски погледи кон раскошните вили, историските палати и знаменитостите на градот, како и локации каде се снимани сцени од познатите турски серии.
По крстарењето, продолжуваме со панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул. Автобуската екскурзија овозможува уникатно искуство на преминување од Европа кон Азија преку еден од мостовите над Босфорот.
Посета на живописната населба Кадикој на азиската страна – позната по своите тесни улички, бројни кафулиња, ресторани и продавници со автентичен турски дух и модерен европски шмек. Слободно време за прошетка, кафе и уживање во локалната атмосфера.
Враќање во хотел.
Во вечерните часови, можност за факултативна турска вечер на брод, со музика, програма и традиционална забава.
Ноќевање.
По појадокот, следува одјавување од хотелот и поаѓање за едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пиер Лоти каде се искачуваме со жичара а слегуваме пешки. По разгледот можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време.
По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар OUTLET 212. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки.
Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Битола во утринските часови во понеделник.
Пристигнување во Битола во утринските часови.
Во цената е вклучено / не е вклучено:
Цената вклучува:
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија
- Посета на трговскиот центар Outlet 212
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на аранжманот
Не е вклучено во цената:
- Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
- Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден
- Факултативните излети:
- Крстарење по Босфорот – 20 евра
- Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој – 20 евра
- Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој – 20 евра
- Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија – 10 евра
- Турска вечер на брод на Босфорот со вечера – 45 евра
- Влезници за музеи и културно - историски споменици
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба 50% од цената на аранжманот









