Top
 

АНКАРА КАПАДОКИЈА БУРСА

АНКАРА КАПАДОКИЈА БУРСА

320евра 300евра по лице

Приказната за магијата на Кападокија е целосна само ако се земат предвид сите три аспекти кои ја дефинираат: природниот, историскиот и религискиот. Вулканските ерупции и ерозијата создадоа уникатни пејзажи кои го одземаат здивот десетици милиони години. Анкара – Кападокија – Бурса, патување кое не се пропушта!

Напомена:  Краен рок на пријавување до 15.04.2024 година.

  • Тргнување
    01.05.2024
  • Враќање
    07.05.2024
1
01.05.2024
Ноќно возење преку Грција со попатни одмори.
2
02.05.2024
Пристигнување во Анкара во утринските часови,разгледување на градот со водич: Мавзолејот на Ататурк,Парламентот,статуата на Кемал Ататурк,храмот на императорот Август,   Џамија Хаџи-Бајрам…Сместување во хотел.Слободно попладне за шопинг.Вечера.Ноќевање.
3
03.05.2024
Појадок.Поаѓање за Кападокија-позната по своите рељефни форми,формирана по избувнување на 2 вулкани,спомената во Библијата,каде раните Христијани се населиле да ја проповедаат христијанската религија.Попатно,фото-пауза на2-рото по големина солено езеро Туѓ Ѓули.Пристигнување во Кападокија, посета на подземниот град Кајмакли-еден од најголемите подземни градови во Кападокија,со 8 ката под земја,во длабочина од 85м.Поплад-нето сместување во хотел во градчето-касаба Ургуп.Слободно време.Вечера.Ноќевање.
4
04.05.2024
Појадок.Целодневно разгледување на најинтересните места во Кападокија,со водич: Долината на Камилата,Долината на приказните или Музејот на отворено-Зелве, Долината на пашата- Паша Ба, Националниот Парк Ѓореме-центарот на раното христијанство, во тие пештери се наоѓаат цркви и манастири.Пауза за ручек.Посета на касабата Аванос-позната по традиционалното рачно ткаење на килими и Грнчарство-посета на Грнчарска работилница. Вечера.Вечерта факултативна посета на Национален ресторан со ориентална фолклорна програма, Танц на дервишите, со неограничен пијалок и мезе.Ноќевање 
5
05.05.2024
Појадок.Заминување за Бурса, со попатна посета на највпечатливиот скалест замок-Учхисар-симбол на архитектонските чуда во Кападокија.Продолжување за Бурса,  пристигнување во вечерните часови.Сместување во хотел.Вечера.Ноќевање.
6
06.05.2024
Појадок.Бурса– првиот главен град на Отоманската империја, се наоѓа во областа Анадолија..Разглед на градот со водич:познатата Ули Џамиjа  со дваесет блескави мали куполи и извонредна фонтана во внатрешноста,Зелената џамија, Паркот Топхане во кој се наоѓаат Саат кулата, гробниците Осман Гази и Орхан Гази како и историските топови. Градот од 1490 год. бил центар на производството на свила.Посета на Коза Хан– „познатиот пат на свилата“, кој е единствен со своите безброј продавници со свилени марами.Слободно време за чај и ручек  со познатиот специјалитет на Бурса-Искендер ќебап.Попладнето поаѓање за Македонија преку Чанакале, па преку Грција,ноќно возење со попатни одмори.
7
07.05.2024
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

  • автобуски превоз на дадената релација,
  • 1 полупансион во хотел Sergah со 4* во Анкара
  • 2 полупансиони во хотел TasSaray so 4* во касабата Ургуп-Кападокија
  • 1 полупансион во хотел  Ferro со 3* во Бурса
  • разгледување на Анкара,Кападокија и Бурса со локален водич
  • организација и лиценциран придружник на патувањето
 
  • патничко здравствено осигурување
  • превоз,водич со влез во подземниот град Кајмакли-20 €
  • превоз,водич со влез во музејот на отворено Зелве+Паша ба- 20 €
  • превоз,водич со влез во манастирскиот комплекс Ѓореме – 25 €
  • превоз,водич со влез на тврдината Учхисар -10 €
  • посета на ресторан со програма и Танц на Дервиши+мезе+ неограничен пијалок-35е
  • влезници за други културни знаменитости и музеи
  • летање со балон над Кападокија-во зависност од временските услови (190-200еур)
error: Content is protected !!