Top
 

Атина за Велигден

Атина за Велигден

149евра 115евра по лице

Атина е еден од најстарите градови на светот, а историјата на овој град започува уште 3000 години п.н.е. Наречена е уште колевка на цивилизацијата затоа што кај неа за прв пат се појавува демократијата, западната филозофија и литература, како и Олимписките игри и математичките теории.

Покрај богатата историја Атина располага и со кристално сините води на Средоземното Море и долгите плажи.

Атина може да биде град во кој ќе научите и видите многу историски, но и убави места, со еден збор претставува приказна која трае !
Уште една авантура, исполнета со приказни за раскажување!

  • Тргнување
    03.05.2024
  • Враќање
    06.05.2024
1
ПРВ ДЕН 03.05.2024
Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
2
ВТОР ДЕН 04.05.2024
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол. Заминување кон Глифада. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.
3
ТРЕТ ДЕН 05.05.2024
Атина-Корнит-Пелопонез Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна. Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада. Ноќевање.
4
ЧЕТВРТИ ДЕН 06.05.2024
Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија. Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.
5
Факултативни излети

Сунион и Аполоновиот брег

Цена за пакет: 15е
  Кејп Суниоп е неверојатна локација во секое време од денот, но таму би се почуствувале неверојатно доколку имате можност да го гледате неверојатното зајдисонце. Под вас се протега Егејското Море а покрај вас се наоѓаат и величествените урнатини на храмот Посејдон. Лесно е да се разбере зошто античките Грци изградиле храм на богот на морето овде.

Арголида-Пелопонез

Цена за пакет: 45е
  Пелопонез е голем полуостров и регион во јужна Грција, го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика. Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето наКоринтскиот Канал во 1893 година  Пелопонез бил издвоен од копното, и може да се смета за остров.

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

-Превоз со високо туристички автобус -2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада -Организиран разглед на градот со локален водич -Организација и водство на патувањето
-Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е -Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е -Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел -Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е -Патничко осигурување
error: Content is protected !!